Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси, бил „насилно нападнат“ по упад во нивниот дом во Калифорнија во петокот наутро, соопштено е од нејзиниот кабинет.
„Напаѓачот е во притвор, а се истражуваат мотивите за нападот“, се наведува во соопштението. „Господинот Пелоси беше пренесен во болница, каде што добива одлична медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“, се додава.
Демократската претседателка на Претставничкиот дом не била дома во моментот на нападот во раните утрински часови.