вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ураганот Елза пристигнува кон Флорида

Ураганот Елза пристигнува кон Флорида

Ураганот Елза му се заканува за северниот брег на Флорида откако регионот беше зафатен со силни олујни ветрови и пороен дожд. Властите ги повикаа жителите да бидат внимателни и прогласија вонредни мерки за повеќе окрузи.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис ги повика жителите предупредувањата да ги сфатат сериозно и да не патуваат доколку немаат потреба, а се предвидува дека циклонот денеска ќе пристигне до брегот.

Засега нема информации за штети или повредени во невремето при кое дуваше ветер со јачина и до 120 км/ч. Училиштата и јавните установи на подрачјето на Тампа се затворени, а најголем дел од јавните настани се одложени.

Прогнозите се дека Елза ќе помине во внатрешноста на северна Флорида како тропска бура со поројни врнежи и силен ветер, а потоа ќе тргне кон Каролина, Џорџија и ВИрџинија.