среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ураганот Никол стигна до Флорида, ослабе во тропска бура

Ураганот Никол стигна до Флорида, ослабе во тропска бура
фото: tanjug/ap

Ураганот Никол ослабе до тропска бура откако ја погоди Флорида како ураган од прва категорија, објави Националниот центар за урагани.

Максималните удари на ветерот утринава по локално време достигнаа 100 километри на час, пренесува Business Insider.

Претходно, Никол го погоди островот Гранд Бахама како силен ураган.

Според прогнозата се очекуваат големо количество дожд и опасно невреме.

Никол веќе ги приземји авионите и затвори тематски паркови и училишта во земјата пред предвидениот удар, јавува Би-Би-Си.

Откако започнаа евиденцијата во 1853 година, Флорида беше погодена само двапати од урагани во ноември – во 1935 и 1985 година.

„Никол“ е првиот ураган што дошол на копно во САД кон крајот на сезоната во последните 40 години.