Руски нобеловец, кој се противи на руските напади во Украина, бил нападнат и полеан со црвена боја во воз.
Непознат напаѓач во воз го полеал со црвена боја Дмитриј Муратов, добитник на Нобеловата награда за мир и главен уредник на Новаја газета, како и еден од ретките преостанати независни новинари во Русија.
Муратов се противи на руската инвазија на Украина.
Новаја газета објави информација за нападот и фотографии од својот главен уредник и од купето во возот полеано со црвена боја.
„Мене и целото купе ме преплавија со маслена боја со ацетон. Очите страшно ме печат. Напаѓачот рече: ‘Муратов, ова ти е за нашите момчиња’“, изјави рускиот нобеловец.
Novaya Gazeta editor and Nobel laureate Dmitry Muratov, one of the few independent journalists still in Russia, was attacked with paint while on a train, the paper says. pic.twitter.com/rI8nQzJ34b
— max seddon (@maxseddon) April 7, 2022