Уште двајца турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад на сириските безбедносни сили во провинцијата Идлиб, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, со што бројот на загинати турски војници изнесува најмалку 37 во текот на изминатата недела.
Турската војска веднаш одговори на огнот на сириските сили и продолжи да напаѓа цели, се наведува во соопштението на Министерството.
Со тоа вкупниот број на жртви од турска страна достигна 59 лица за еден месец.
Од почетокот на минатонеделната воена операција, Турција уништи три сириски авиони, осум хеликоптери и повеќе од 150 тенкови, додаде турското Министерство.
Жестоките борби во сириската провинција Идлиб предизвикаа нов мигрантски бран од еден милион лица кон Турција, по што Анкара ги отвори границите кон Грција и Бугарија.