сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уште еден голем бренд си оди од Русија – Старбакс прекинува со работа во оваа земја

Уште еден голем бренд си оди од Русија – Старбакс прекинува со работа во оваа земја

Старбакс е уште еден меѓународен бренд кој прекинува со работа во Русија поради воената агресија на оваа земја врз Украина.

Ланецот кафулиња, чие седиште е во Сиетл, Вашингтон, а е познат низ целиот свет се реши на ваков чекор откако претходно и Мекдоналдс официјално објави дека ја суспендира работата во Русија. Тоа значи дека компанијата ќе прекине со испорака на своите производи, а носителот на лиценцата во Русија привремено ќе ги затвори сите локали.

Околу 2 000 вработени, како што наведува извршниот директор Кевид Џонсон, ќе добијат финансиска поддршка.

За разлика од Мекдоналдс кој поседува 850 локали низ Русија, Старбакс вкупно во Русија и Украина има 130 лиценцирани кафулиња. Аналитичарот Ендрју Чарлс, како што пренесува „Си-ен-би-си“, посочува дека оваа компанија има мала изложеност на рускиот пазар односно приходот кој доаѓа од Русија е само еден отсто од вкупниот глобален приход.