четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Уште на 11 години шетал со оружје на појас, а бил опседнат и со кошарка- детали за детството на Ким Џонг-Ун

Уште на 11 години шетал со оружје на појас, а бил опседнат и со кошарка- детали за детството на Ким Џонг-Ун

Детството на еден од најконтроверзните лидери на светот, Ким Џонг-Ун било целосна спротивност од неговиот денешен начин на живот и ставови. Според интересирањата и школувањето, личел на останатите тинејџери од Западот.

И пред да почне под лажно име, на 12 години да посетува престижно приватно училиште во Берн, Швајцарија, Ким се истакнувал по необичните работи, открива книгата за него.

Така на пример на 7. години научил да вози модификуван автомобил кој од татко му го добил на подарок, а кон другарите од одделението бил агресивен кога ќе слушнел дека зборуваат на германски, со оглед на тоа дека имал потешкотии при учење на јазикот.

На само 11 години се движел наоколу со оружје во појасот – колт 45, а имал се што сите момчиња би посалаке, од флипери, играта Супер Марио и слично.

Омилени филмови му биле Џејмс Бонд, Дракула и Бен Хур, ановата етапа од неговиот живот започнува кога полни 12 години. Бил опседнат со кошарка, Облекувал брендирани тренерки, а фармерките не доаѓале во предвид.

Штом училиштето завршувало, секој ден во 17 часот, Ким трчал кон кошаркарските терени во своето училиште и секогаш носел иста облека за на кошарка: автентичен Чикаго Булс со бројот 23 на Мајкл Џордан, шорц Булс и патиките „џорданки“. Топката со која играл исто така била врвна – спалдинг со официјалниот знак на НБА.

Ким како дете бил низок, а денес често носи чевли со невидлива платформа за да добие на висина.

Ким живеел со мајка му, но откако ѝ бил дијагностициран рак, таа заминала во Франција на лекување. Негови старатели биле тетка му и тетин му, со кои престанал да комуницира откако почнал да слабее режимот и неговите привилегии.

Мајка му живеела уште 6 години, до 2004 година кога починала во Париз. Тетка му и тетин ми избегале во амбасадата на САД и побарале азил заедно со своите три деца.