четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УЖАС НА ВЕЛИГДЕН: Со нож избодени свештеник и калуѓерка во Ница, сторителот сакал да го убие Макрон

УЖАС НА ВЕЛИГДЕН: Со нож избодени свештеник и калуѓерка во Ница, сторителот сакал да го убие Макрон

Свештеник и калуѓерка се повредени во напад со нож утринава во Ница, објави францускиот весник Фигаро. Напаѓачот е уапсен. Тој спонтано и кажал на полицијата дека сака да го „убие Макрон“ на денот на изборите, но според полициски извор, тој завршил во црква.

Инцидентот се случил во црквата Сен Пјер д’Арен во јужниот дел на градот.

Околу 10:00 часот, непосредно пред богослужбата, во црквата влегол маж и веднаш се обратил кон свештеникот Кшиштоф Руџински (57) од полско потекло. Го прободел околу 20 пати, главно во пределот на градниот кош. Сестрата Мари-Клод (72) била полесно повредена во раката кога интервенирала за да го разоружа напаѓачот.

На двете жртви им била укажана лекарска помош. Нивните животи не се во опасност, според првичните заклучоци на лекарите, објавени од повеќе извори, а подоцна потврдени од министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој се огласи на Твитер.

Тој изрази солидарност со парохијаните и им честиташе на полициските сили за брзото апсење на сторителот.

Напаѓачот има биполарно растројство и неодамна бил примен во болница во Ница поради психички проблеми. Тој не е познат на полицијата и разузнавачките служби. Истрагата во моментов ја исклучува верзијата за терористички акт.