Стотици луѓе паднаа во река во западната индиска држава Гуџарат, откако денеска се урна висечки мост, при што загинаа најмалку 30 луѓе, соопштија официјални лица.
Најмалку 400 луѓе биле на мостот кога се урнал.
Тие паднале во реката Мачу во градот Морби, според локалната телевизија Зи Њуз.
Таа телевизија објави снимка на која се гледа како луѓето се држат за делови од урнатиот мост додека чекаат помош од спасувачките екипи. (МИА)