Во чешка болница се случило пукање во кое се убиени најмалку шест луѓе. Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот наводно е во бегство.
-Неколку лица се убиени во пукање во Острава во Чешка, рече министерот за внатрешни работи.
Пукањето се случило утрово во Универзитетската болница во Острава на североистокот од земјата.
Полицијата брзо реагирала и единиците за вонредни ситуации се распоредени во близина на болницата.