четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УЖАС ВО ИРАК: Најмалку 50 загинати при пожар во ковид болница (ВИДЕО)

УЖАС ВО ИРАК: Најмалку 50 загинати при пожар во ковид болница (ВИДЕО)

Најмалку 50 лица загинаа, а голем број се повредени во пожар што зафати болница во која се лекуваат заразени сo Ковид-19 во ирачкиот град Насирија, јави ирачката државна новинска агенција ИНА.

Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола.

Медицински извори велат дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што многу пациенти се водат како исчезнати.

Според првичните полициски извештаи пожарот избувнал најверојатно по експлозија на кислородна боца.