Огромна дупка се отвори рано утрово на паркинг во болницата „Дел маре“ во Неапол, објавија италијанските медиуми.
Засега нема информации за повредени лица. Евакуиран е одделот за ковид, а во тек е истрага.
Полицијата врши истрага што би можело да биде причина за создавање на оваа дупка, која „проголта“ неколку автомобили.
Провалијата е длабока околу 12 метри, а има две илјади квадратни метри, пишува весникот „Република“.
По инцидентот, кој утрово ги разбуди пациентите со голема бучава, болницата е евакуирана, а во нема има прекин на вода. Пожарникари се наоѓаат на местото на настанот и се обидуваат да ја обезбедат бездната од натамошно ширење. (МИА)