Две момчиња, на возраст од три години и 11 месеци, биле пронајдени во стан во њујоршкото предградие Бронкс со повеќе убодни рани на вратот и торзото и биле пренесени во болница, но за жал повредите биле премногу тешки и лекарите не можеле да ги спасат, пишуваат американските медиуми.
Нивната 24-годишна мајка е приведена. Во полиција претходно било пријавено дека жената се обидувала да ги запали работите во кујната.
-Таа се однесуваше нерационално, изјави заменик началникот на локалната полиција.
Без инциденти била приведена додека не пристигнала брзата помош која ја пренела во болница на опсервација.
Медиумите јавуваат дека таа прво ги избодела децата, а потоа се обидела да ја запали кујната.