Американската полиција пронајде остатоци од 63 фетуси во просториите на погребална фирма во Детроит во рамките на поширока истрага за неправилности во локалните погребални фирми.
Се наведува дека полицајците пронашле 36 фетуси во кутии и 27 во замрзнувачи во текот на вчерашниот претрес на „Пери фјунерал хоум“, а шефот на полициајта во Детроит Џејмс Крејг рече дека е зачуден од ова ужасно откритие.
Остатоците им се предадени на државните обвинители, кои веднаш ја затворија погребалната фирма и и ја одзедоа дозволата за работа.
АП наведува дека ова се случила недела дена откако остатоци од 10 фетуси и едно дете се пронајдени во некогашната погебална фирма „Кантрел фјунерал хоум“, во Детроит која престанала со работа.
Ова е второ откритие на посмртни останки на непогребани фетуси и мали деца во Детроит.