Министерството за надворешни работи на Узбекистан соопшти дека границата со Авганистан е целосно затворена и дека не е можно да се премине контролниот пункт Термез.
„За да се обезбеди безбедност, узбекистанско-авганистанската граница во моментов е целосно затворена и нема копнен премин преку контролниот пункт Термез“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека не се планира отворање на пунковите во блиска иднина.
Министерството за надворешни работи потсетува дека во текот на изминатите 12 дена, Узбекистан им помогна на голем број земји во извршувањето хуманитарни операции за евакуација на нивните луѓе од Авганистан, кои пристигнаа и го напуштија Узбекистан со авиони.
„Министерството за надворешни работи повторува дека Република Узбекистан не прифаќа авганистански бегалци на нејзина територија, обезбедува помош при транзит, што предвидува строго ограничен престој во земјата. Повторуваме дека узбекистанската земја е цврсто посветена на одржувањето традиционално пријателски и добрососедски односи со Авганистан. и принципите за немешање во внатрешните работи на соседната земја“, се наведува во соопштението на Министерството. (МИА)