среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ванг и Лавров разговараа: Кина и Русија доверливи пријатели и добри партнери

Ванг и Лавров разговараа: Кина и Русија доверливи пријатели и добри партнери

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров изјави дека двете земји се доверливи пријатели и добри партнери.

„Најважната задача за двете страни е да продолжат да го спроведуваат важниот консензус постигнат од двајцата шефови на држави и да го промовираат континуираниот развој на кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Во текот на разговорот, Ванг истакна дека Пекинг и Москва треба да продолжат да го промовираат процесот на мултиполаризација на светот и демократизацијата на меѓународните односи. Дипломатите разменија мислења и за украинската криза, а шефот на кинеската дипломатија рече дека Пекинг ќе има независен и непристрасен став и дека ќе биде објективен и рационален глас. Ванг изјави дека Кина активно ќе ги промовира мировните преговори и ќе бара политичко решение во секоја прилика.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, меѓу другото, се наведува дека во текот на разговорите имало „отфрлање на конфронтирачката политика на западниот блок кон Русија и Кина и обиди нивниот развој да се заузда со санкции и други нелегитимни методи“.

Се додава дека позитивно е оценет конструктивниот дијалог и високото ниво на соработка меѓу двете земји во рамките на Обединетите нации, БРИКС, Шангајската организација за соработка, Г20 и другите меѓународни структури.