понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Варадкар: Израелските напади во Газа се повеќе наликуваат на одмазда

Варадкар: Израелските напади во Газа се повеќе наликуваат на одмазда

Ирскиот премиер Лео Варадкар повторно ги критикуваше операциите на Израел во Газа, велејќи дека тие се повеќе наликуваат на одмазда.

-Цврсто верувам дека Израел има право да се брани, има право да го нападне Хамас. Но, тука не се работи само за самоодбрана. Ова се повеќе наликува на одмазда, изјави денеска Варадкар за државното радио РТЕ, пренесено од Гардијан.

Ирскиот премиер веќе изјави дека Израел има право да се брани, но дека нема право да прави зло.

На почетокот на бомбардирањето на Газа тој кажа дека реакцијата наликува на колективна казна.