четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ватикан го нарече бомбардирањето на болницата во Мариупол „неприфатливо“

Ватикан го нарече бомбардирањето на болницата во Мариупол „неприфатливо“

Висок функционер на Светата столица го осуди денешниот бомбашки напад на детска и породилна болница во Мариупол и го оквалификува како „неприфатлив“, јави Би-Би-Си.

Кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, изјави пред новинарите: Јас велам дека бомбардирањето на болница е неприфатливо. Нема причини, нема мотив за да се направи ова“.

Ватикан се понуди како посредник во руската војна против Украина.

Ројтерс објави дека папата Франциск го прекршил дипломатскиот протокол минатиот петок и ја посетил локалната руска амбасада за да ја пренесе својата загриженост за инвазијата. (МИА)