Ватикан денеска потврди дека бискупот Карлос Сименес Бело, добитник на Нобеловата награда за мир, е под „дисциплински санкции“ во последните две години поради обвинувањата дека сексуално злоставувал момчиња во Источен Тимор во 1990-те.
Портпаролот на Ватикан во соопштението наведе дека канцеларијата која се занимава со случаи на сексуална злоупотреба добила обвинувања „во врска со однесувањето на бискупот“ во 2019 година и дека во рок од една година вовела санкции.
Санкциите вклучуваат ограничувања на движење и извршување на должностите, а му се забранува контакт со малолетници или контакт со Источен Тимор.
Во соопштението за печатот на портпаролот на Матео Бруни се наведува дека мерките биле „изменети и зајакнати“ во ноември 2021 година и дека Бело формално ја прифатил казната во двата наврати. (МИА)