Поради актуелната состојба во Украина, авиокомпанијата Виз ер информира дека привремено ги прекинува сите летовите кон Украина.
„Поради актуелните настани во Украина и затворањето на воздушниот простор, Виз ер со жалење ги информира нашите клиенти дека авиокомпанијата мора привремено да ги прекине сите летови во земјата. Патниците со резервирани летови од и до Украина можат да најдат повеќе информации на wizzair.com, или пак, преку телефонскиот центар на авиокомпанијата: 00380 893 202 532.
Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш приоритет број еден и се надеваме дека наскоро Укранина ќе се врати во нормала,“ информираат од компанијата.