сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Велика Британија ги повикува своите државјани да размислат за заминување од Русија

Велика Британија ги повикува своите државјани да размислат за заминување од Русија

Велика Британија ги повика своите државјани да размислат за напуштање на Русија доколку не е од суштинско значење тие да останат во земјата, јави Гардијан.

„Доколку вашето присуство во Русија не е од суштинско значење, силно ве советуваме да размислите да заминете по преостанатите комерцијални рути“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Во понеделникот, британското Министерство за надворешни работи ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Русија поради недостиг на достапни опции за летови и зголемена економска нестабилност.  (МИА)