вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велика Британија ќе испрати ракетен систем и околу 100 војници во Полска

Велика Британија ќе испрати ракетен систем и околу 100 војници во Полска

Велика Британија ќе испрати во Полска ракетниот систем „Skay Saber“ и околу 100 војници, изјави денеска министерот за одбрана Бен Валас при посетата на Варшава.

-Во Полска ќе распоредиме противвоздушен систем од среден дострел „Sky Sabеr“ со околу 100 лица за да бидеме сигурни дека и даваме поддршка на Полска и дека го штитиме нејзиниот воздушен простор од каква било натамошна руска агресија, рече министерот Валас на прес-конференција. (МИА)