четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Велика Британија со нови санкции за Русија поради „незаконските“ референдуми

Велика Британија со нови санкции за Русија поради „незаконските“ референдуми

Велика Британија соопшти дека воведува нови санкции против Русија како одговор на „незаконските“ референдуми за припојување, организирани во четири украински области под целосна или делумна контрола на Москва.

„Санкциите што денеска ги воведуваме ги таргетираат сите кои стојат зад вакви изборни фарси и поединци кои и понатаму ја поддржуваат војната започната од руската власт“, се наведува во соопштението на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Меѓу 92 правни субјекти мета на санкциите се „руски високи претставници кои ги организираа незаконските референдуми во четири украински области и најомилената агенција за односи со јавноста на Путин“, пишува во соопштението.

Станува збор за 33 лица испратени во областите каде се одржуваат референдуми од агенцијата ИМА Консалтинг, која „организирала јавни кампањи за овие референдумски фарси“, особено за „да го одбранат нивниот лажен легитимитет во Русија“, додаваат од Министерството.

Четворица олигарси се додадени на листата со лица под британски санкции.

Велика Британија досега санкционираше над 1.200 физички и 120 правни лица, како одговор на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.  (МИА)