петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Венецуела го зголемува бројот на летови за Русија

Венецуела го зголемува бројот на летови за Русија

Венецуела ќе го зголеми бројот на летови на својата државна авиокомпанија до Москва откако многу земји го затвораат воздушниот простор за руските авиони по инвазијата на Украина, соопшти синоќа венецуелскиот министер за туризам.

„Венецуела е подготвена да продолжи да прима руски туристи“, објави министерот Али Падрон на Твитер по телефонскиот разговор со шефицата на руската Федерална агенција за туризам, Зарина Догузова.

Двете страни се согласија да „гарантираат континуитет на летовите (меѓу Русија и Венецуела) на венецуелската авиокомпанија Конвиас“, рече истиот извор.

Бројот на руски туристи во Венецуела нагло скокна во мај 2021 година, кога Венецуела и Русија, големите сојузници, воведоа директна врска меѓу Москва и Каракас, а три месеци подоцна лет до островот Маргарита на исток, со исклучително убава природа и плажи.