Венецуелската нафтена компанија ПДВСА повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ одобрен од американскиот Стејт департмент во мај.
Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта во Европа според договорот нафта за долг и бара гориво од италијанската „Ени“ и од шпанската „Репсол“ во замена за идните карго пратки, објави Ројтерс, цитирајќи три лица директно запознаени со ова прашање.
Венецуелската нафтена компанија ПДВСА повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ одобрен од американскиот Стејт департмент во мај, што ѝ овозможи на државната компанија да продолжи со испораките за Европа по двегодишната суспензија предизвикана од американските санкции, објави британската агенција.