Версајската палата е повторно евакуирана „од безбедносни причини“ и ќе биде затворена за посетители цел ден.
Како што јавија француските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, палатата е евакуирана поради дојава за поставена бомба.
„Почитувани посетители, од безбедносни причини, Версајскиот дворец денеска ги евакуираше посетителите и ги затвора вратите за денешниот ден“, објави Версајската палата на својот налог на мрежата „Икс“.
Версајската палата беше евакирана и во саботата исто така поради дојава за поставена бомба.
Франција од петокот вечерта го подигна нивото на безбедност на највисок степен, по убиството на наставникот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во градот Арас, а во тој инцидент уште три луѓе се тешко повредени, вклучувајќи го и напаѓачот.