Федералните обвинители не ја исклучуваат можноста да предјават обвинение за убиство на полицаец на двајца демонстранти кои учествувале во насилниот упад на Капитолот на САД на 6 јануари, јави весникот Њујорк тајмс.
Брајан Сикник е полицаецот кој загина како резултат на акциите на двајца осомничени, Џулијан Катер и Џорџ Тaниус. Двајцата моментално се во притвор.
Во извештај објавен денеска, весникот детално ги објаснува постапките на двајцата, тие работеле координирано и се позиционирал да не бидат забележани во намерата за напад на полицијата со хемиски агенс, спреј наменет за одбивање на живoтни.
Во видеата се гледа како Катер и Таниус, облечени во нараквици и шапки, се во групата демонстранти која се обидува да ја урне барикадата пред западните скалила на Капитолот.
Во еден момент во толпата се гледа раката на Катер кога кој прска со спреј во правец на полицаецит Сикник, кој се наоѓа од другата страна на оградата. Сикник ја наведнува главата, ги крева рацете, а потоа од друг агол е фатен на повеќе фотографии како се повлекува од оградата и се обидува да го измие лицето со вода. Здравјето на полицаецот се влошува нагло истатата вечер, по што следниот ден тој почина како последица на нападот со хемиски агенс.
Од разговорот снимен со камера од друг демонстрант во толпата весникот утврдува дека двајцата демонстранти работеле координирано, во еден момент Катер му вели на Таниус „дај ми го тоа с…. за мечки“ и потоа вади од ранецот на Таниус боца со спреј. Овој му одговара „почекај, почекај, уште е рано“.
Од исечок од снимката се гледа дека боцата што ја држи Катер е слична на спреј за одбивање на напад од мечки, што се продава во продавници за ловечка опрема. Според составот, спрејот за одбрана од напад на животни има многу посилно дејство од спрејовите направени на база на лути пиперки што се употребуваат на луѓе за самоодбрана, соопштува весникот.
Истрагата за убството на полицаецот Сикник се уште е во тек и вклучува напад на службено лице со смртоносно оружје. Обвинителите не исклучуваат можност да предјават обвинение за убиство на полицаец на двајцата инволвирани демонстранти.