сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Апокалиптични сцени од Чешка, торнадо и ветер со брзина од 322 км/ч

ВИДЕО: Апокалиптични сцени од Чешка, торнадо и ветер со брзина од 322 км/ч

Најмалку три лица загинаа,  а стотина лица се повредени во силно невреме проследено со торнадо кое ја зафати Чешка.

Седум градови претрпеа поголема материјална штета, згради се претворени во рушевини, автомобилите се превртени, а над 120.000 домаќинства останаа без струја.

Со дронови и хеликоптери се трага по повредени и настрадани.

Ударите на ветерот достигнале брзина и од 322 км/ч, кога вчера торнадото достигна четврто ниво. Ова е најсилното во последните неколку децении, а министерот за внатрешни работи Јан Хамачек на Твитер објави дека ситуацијата во погодените области е сериозна и дека спасувачките екипи се на терен.