недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Апсења на хрватски навивачи, судири со полицијата

ВИДЕО: Апсења на хрватски навивачи, судири со полицијата

На виенската улица Отакрингерштрасе, каде што за време на Светското првенство дојде до судири со полицијата, во неделата, преовладуваше „коцкестиот“ дрес.

Во Виена имаше голем број на припадници на полициските сили, а поднесени се голем број пријави.

Полицијата била присутна со 350 припадници во опрема за разбивање на демонстрации.

Според соопштението од австриското МВР извршени се 396 легитимирања, поднесени се 81 пријава поради прекршување на сообраќајните прописи, осум пријави поради поседување наркотици, една пријава поради користење пиротехнички средства, привремено е одземено едно албанско знаме, напишале една парична казна поради кршење на законот за прекривање на лицето, две пријави поради загрозување на јавниот ред и мир, една пријава поради навреди на државните органи и една пријава поради кршење на законот за странци.

Во Штутгарт, пак,  дојде до апсења, па така 55 луѓе, главно хрватски навивачи се притворени бидејќи не ги слушале наредбите на полицијата.

На интернет објавено е видео на кое се гледа како германската полиција се обидува да приведе хрватски навивач.