четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Авганистанците панично се обидуваат да влезат во авион, одекнуваат пукотници – има загинати

ВИДЕО: Авганистанците панично се обидуваат да влезат во авион, одекнуваат пукотници – има загинати

Снимките кои го обиколија светот оставаат без текст. Преплашени Авганистанци се обидуваат да влезат во авион, додека одекнуваат пукотници од американските сили кои отворија оган.

Случувањата се одвиваат на аеродромот во Кабул, откако талибанците објавија дека ја превземале авганистанската престолнина и претседателската палата.

За тоа време, илјадници Авганистанци бегаа од Кабул со автомобили, камиони, автобуси. Улиците полни со возила целосно блокирани, а во градот хаос.

Слични сцени се одвивале и на аеродромот во Кабул. Реки народ трчаа кон последните авиони. Луѓето се качуваа еден врз друг не бирајќи начин како да успеат на влезат во некој од авионот, без оглед дали е патнички или товарен.

На аеродромот се и американските војници кои се пратени назад во Авганистан да го евакуираат персоналот од американската амбасада и мисијата кои во оваа земја беа речиси 20 години.

Дел од светските медиуми пренесуваат дека пукотници биле отворени од америкснаките војници, во станува збор за пукање во воздух во обид да се спречи целосен хаос.

Очевидци пак, како што јавува Ројтерс, тврдат дека во тие пукотници убиени се најмалку пет лица. Агенциите РИА Новости и Франс Прес исто така јавуваат дека на аеродромот во Кабул има жртви.

Подоцна од Стејт департментот се огласиле со соопштение во кое се наведува дека целиот американски персонал кој бил во Кабул е евакуиран. По ова стигнала вест дека кабулскиот аеродром е затворен за цивилен сообраќај.