сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Видео: Данскиот државен врв одби да се ракува со Помпео

Видео: Данскиот државен врв одби да се ракува со Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во посета на Данска за да дискутира околу Кина и активностите на Арктикот.

Меѓутоа, она што беше највпечатливо од неговата посета е тоа дека многумина од државниот врв на Данска одбија да се ракуваат со Помпео поради пандемијата со коронавирусот.

Помпео прво му пришол на данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод кој ја игнорирал неговата подадена рака и го потапкал по рамото, пренесе „Спутник“.

Потоа, министерот Јенис ав Рана исто така не сакал да се ракува, нудејќи да се поздрават со лакт.

Вашингтон пост целиот настан го окарактеризира како „чуден дипломатски танц“, а многумина на социјалната мрежа Твитер коментираа дека ова изгледало крајно непријатно.

Инаку, во Данска се регистрирани повече од 13.400 случаи на Ковид-19, а вкупно од вирусот починале 613 лица.