петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Десетици илјади на протести во Хабаровск за поддршка на гувернер уапсен минатата недела

ВИДЕО: Десетици илјади на протести во Хабаровск за поддршка на гувернер уапсен минатата недела

Десетици илјади луѓе се собраа денеска на протести во рускиот град Хабаровск, на Далечниот Исток за поддршка на гувернерот кој беше уапсен минатата недела.

Сергеј Фургал беше уапсен минатата недела под обвинение дека наредил убиства на бизнисмени пред 15 години. Неговото апсење предизвика невидени демонстрации во Кабаровск, град со околу 600.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Кина, како и во помали градови во близина.

Фургал (50) ги негираше обвиненијата, за кои неговите приврзаници велат дека се политички мотивирани.

Фургал, од националистичката партија ЛДПР, го победи претставникот на Обединета Русија во 2018 година во изборите за гувернерското место.

Десетици илјади, меѓу кои и млади луѓе, стари лица и жени со деца во колички денеска маршираа низ центарот на Кабаровск.

Тие носеа плакати на кои пишуваше „Слобода за Фургал!“ и извикуваа „Се додека сме обединети, ние сме непобедливи“.

Демонстрантите повикаа на „фер судење“ за гувернерот, а не во Москва, каде е пренесен гувернерот по неговото апсење.