четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Девет загинати во тешка сообраќајка во Тексас, меѓу нив и 13 годишно дете

ВИДЕО: Девет загинати во тешка сообраќајка во Тексас, меѓу нив и 13 годишно дете

Тешка сообраќајна несреќа во која деветлица ги загубија животите се случила вчера во Тексас.

Според информациите меѓу загинатите се и шестмина студенти и нивниот тренер од Ново Мексико кои се враќале од турнир во голф. Загина и 13 годишно момче.

Од полицијата истакнале дека во несреќата учествувале камионет и комбе, а до истата дошло кога камионетот преминал на спротивната страна и удрил во комбето во кое биле машкиот и женскиот голф тим. Сите загинати починале на лице место.

Двајца повредени со хеликоптер биле пренесени во болница и се наоѓаат во критична состојба.

-Ова е многу трагичен настан. Многу, многу трагичен, изјавил полицаецот Стевен Бланко.