четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Додека мечка брка еден човек во Сибир, налетува автобус – погледнете што се случи

ВИДЕО: Додека мечка брка еден човек во Сибир, налетува автобус – погледнете што се случи

На улиците на сибирскиот град Нижњевартовск е снимено видео на кое се гледа како мечка брка човек кој се обидува да избега од неа. Настанот се случил вчера наутро додека неименуваниот маж разговарал на телефон.

Мечката го нападна мажот и тој почнува да бега. Тој притоа успева да го пресече патот, а мечката го следи и е удрена од автобус. За среќа, животното не е сериозно повредено.

Тоа веднаш стана и продолжи да се движи по улицата. Одговорните потоа ја успале мечката и таа била згрижена од ветеринарските служби.

Полицијата открила дека мечката избегала од кафез во блискиот хотел, каде што била пронајдена и друга мечка. (МИА)