Украинскиот претседател Зеленски се врати од Турција со петмина украински воени команданти кои беа заробени од Русија пред нешто повеќе од една година.
Ова се петте команданти на баталјонот Азов, кои за време на опсадата на градот ја бранеа железарницата Азовстал во Мариупол.
This video shows Denys Prokopenko, commander of the Azov Regiment, delivering a speech in Ukrainian upon the Azov Regiment's return to Lviv from Turkey, where they had been kept after a prisoner exchange between Ukraine and Russia. pic.twitter.com/0cOGnfgvR7
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) July 8, 2023
„Сакам да му се заблагодарам на господинот претседател, неговиот тим, одбранбените сили и секој војник кој ја бранеше нашата татковина и продолжи да се бори против окупаторите на првите линии додека бевме заробени. Ова е огромен придонес за нашата независност и борбата за нашата земја“, рече Денис Прокопенко, еден од петте команданти на Азов, поранешни затвореници кои синоќа се вратија во Украина со свечен пречек.