четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(Видео) Експлозијата во Бејрут среде интервју сруши новинарка на Би-Би-Си

(Видео) Експлозијата во Бејрут среде интервју сруши новинарка на Би-Би-Си

Ужасната експлозија што однесе 135 животи во Бејрут вчера ја остави светската јавност во состојба на шок.

Според најновите информации, повредени се 5.000 лица, но се стравува дека билансот би можел да биде значително поголем, бидејќи екипите за спасување сè уште трагаат по луѓето кои се водат како исчезнати.

На социјалните мрежи кружи видео, за тоа како експлозијата го прекина интервјуто на новинарката на Би-Би-Си, Марџем Тауми. Таа разговарала со својот соговорник преку видео повик, а потоа дошло до удар што ја сруши камерата кај новинарот.

Лелекањата и стравт на новинарката може да се слушнат во позадината на снимањето, бидејќи камерата продолжила да снима по ударот.

Според светските медиуми, ударот на експлозијата ја бутна новинарката, но се наведува дека таа е добро и дека е безбедна.