сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Голем пожар во универзитетски комплекс во Украина, повредени 12 лица

ВИДЕО: Голем пожар во универзитетски комплекс во Украина, повредени 12 лица

Дванаесет лица се повредени во голем пожар кој изби во зградата на универзитетскиот комплекс во Одеса во Украина, соопшти украинската служба за вонредни ситуации.

Пожар изби на третиот кат во зградата каде се наоѓа Факултетот за економија, право и хотелиерска работа, а евакуирани се сите кои се наоѓале во зградата.

Меѓу повредените се и четворица пожарникари.

Според последните информации, пожарот зафатил околу 2.000 метри квадратни. Во неговото гаснење ангажирани се 65 лица.