Првиот ураган од оваа сезона на Атлантикот, Хана, ослабна до ниво на тропска депресија, откако вчера го погоди Тексас.
Силниот ветар преврте камиони и урна далноводи, но и дел од ѕидот на границата со Мексико.
Hurricane Hanna really said “fuck Trump n his wall”??? pic.twitter.com/8yiRN8qwyi
— Abigail? (@ab_igailmorales) July 27, 2020
На видео снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како ветрот го руши неодамна изградениот дел од ѕид на границата меѓу САД и Мексико.
Хана стигна до островот Падре во саботата попладне како ураган од прва категорија на скалата од пет степени, по што се спушти во округот Кенеди во Тексас и се прошета низ дел од таа сојузна американска држава која беше сериозно погодена од коронавирусот.
Поради невремето без струја останаа над 280.000 домови.