Индискиот премиер Наренддра Моди објавува видеа со совети за јога за, како што обајснува, на граѓаните да им помогне да останат здрави, пренесе Си-Ен-Ен.
Моди досега објави анимирани видео снимки што ги нарече „Јога со Моди“, откако новинарите го прашаа како вежба додека цела земја е затворен во карантин.
„Се надевам дека и вие редовно практикувате јога “, порача Моди на својот профил на Твитер.
„Јас не сум ниту фитнес стручњак, ниту медицински стручњак. Практично јогата е дел од мојот живот веќе многу години наназад и тоа го сметам за многу корисно. Верувам дека и вие имате свои начини да останете во форма, па затоа ве повикувам да ги споделите со другите“, додаде индискиот премиер.
Неговото неделно обраќање беше прво појавување во јавноста откако во Индија беше воведен целосен карантин
Во Индија досега се заразени 1.251 лице, а има и 32 смртни случаи од коронавирусот.
During yesterday’s #MannKiBaat, someone asked me about my fitness routine during this time. Hence, thought of sharing these Yoga videos. I hope you also begin practising Yoga regularly. https://t.co/Ptzxb7R8dN
— Narendra Modi (@narendramodi) March 30, 2020