Полицијата уапси маж кој денеска тешко рани едно, а полесно две лица во напад со нож во центарот на градот Равенсбург, на југот на Германија.
Мотивот за нападот се утврдува.
На местото на нападот случајно се затекнал градоначалникот Даниел Рап, кој го наговорил напаѓачот да се предаде.
„Стоеше пред мене со нож во раката, му реков да го фрли на земја. Ме послуша“ – вели Рап.
Набрзо стигна полицијата и го уапси напаѓачот.
Ravensburg @Schwaebische @AfD @ravensburg pic.twitter.com/cWsq7po6q6
— Lord Sidious (@DerSteiger) September 28, 2018