четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Марин Ле Пен погодена со јајце во главата

ВИДЕО: Марин Ле Пен погодена со јајце во главата

Претседателската кандидатка на крајната десница на последните избори во Франција, Марин Ле Пен, денеска била погодена со јајце во лице во местото на Сен-Амон-Лез-О на северот на земјата. Медиумите пренеле дека пред гаѓањето слушнале вулгарни пцости на нејзина сметка.

Како што се гледа на снимката објавена на “Twitter”, Ле Пен е погодена со јајце во лице, по што ја наведнала главата и го прекрила лицето со коса, останувајќи во таа положба.

Од партијата на Ле Пен соопштиле дека овој гест е “маргинален”.

Лидерката на француската крајна десница била гаѓана со јајца и во текот на претседателската кампања. Тогаш исто така била погодена во глава, но излгеда дека погодокот бил поблаг.