среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Најмалку 288 загинати во железничката несреќа во Индија, откриена причината за трагедијата

ВИДЕО: Најмалку 288 загинати во железничката несреќа во Индија, откриена причината за трагедијата

Најмалку 288 луѓе загинаа во петокот кога патнички воз излета од шините и се судри со друг воз во близина на областа Баласоре во источната држава Одиша.

Уште пет тела се донесени рано утринава во училиште кое се користи како мртовечница во близина на местото на несреќата.

– Не знаеме уште колку тела ќе пристигнат – изјави еден здравствен работник. Во моментот на судирот во возовите имало околу 2.000 луѓе.

Индиските железници велат дека превезуваат повеќе од 13 милиони луѓе секој ден, но инфраструктурата е застарена, што ја прави лоша безбедноста на овој вид транспорт.

Премиерот Нарендра Моди, кого го очекуваат избори следната година, вчера го посети местото на несреќата и разговараше со спасувачите. Моди вети дека ќе ги казни одговорните.

Од Железницата соопштија дека прелиминарниот извештај укажува дека несреќата е последица на дефект на сигналната опрема.