Протести ја тресат Холандија против построгите антиковид мерки кои стартуваа од утрово а ке важат најмалку три недели. Незадоволството кај Холанганите почна од синоќа, а најдраматично беше во Хаг. Демоснстрантите фрлале стаклени шишиња и цигли кон полицијата, на што им било возвратено со водени топови.
Од крајот на септември во Холандија има рекордни ковид инфекции и зголемени случаи на интензивна нега, мерките се оправдани вели премиер Руте.
#Netherland: Huge Anti-lockdown protests in the #Hague as the Netherlands enters another partial lockdown period. pic.twitter.com/57HWAPraff
— 🅰🅻🅴🆁🆃 🅲🅷🅰🅽🅽🅴🅻 (@AlertChannel) November 12, 2021
Според владините одлука рестораните и продавниците ќе затвораат порано, спортските натпревари ќе се играат на празни трибини, граѓаните да работат од дома секогаш кога е можно а повторно се воведува и мерката за социјална дистанца. Во Холандија целосно вакцинирани се 85 проценти од полнолетните граѓани.