Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер направи уште еден гаф. Тој ги насмеа сите присутни кога се јави на телефон на сред говорот на самитот ЕУ и Арапската лига, кој се одржа во Египет.
Мобилниот му заѕвони три пати, а Јункер се одлучи на кусо да го прекине говорот и да и се јави.
На присутните новинари им кажа дека добил повик од „вообичаениот сторител“, односно неговата сопруга, при што предизвика смеа во публиката.
Потоа продолжи со својот говор.
WATCH: Jean-Claude Juncker answers a phone call during the EU-Arab League summit in Sharm El Sheikh.
‘It was the usual suspect… my wife!’, he says. pic.twitter.com/YDhpMFrNRW
— Philip Sime (@PhilipSime) February 25, 2019