Невидена песочна бура ги зафати Дубаи и Абу Даби, познатите обележја на градот не можеа да се видат, а здравствените власти им препорачаа на граѓаните да останат дома.
И покрај обилниот дожд што падна во пет од седумте Емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), песочна бура во неделата ги зафати ОАЕ.
Здравствените власти ги упатија граѓаните да носат заштитни маски на лицето и да се држат настрана од песокот и прашината. Националниот центар за метеорологија на ОАЕ (NCM) издаде црвени предупредувања за одредени делови од земјата.
Avoid driving’: dust alerts as storms return to UAE.#Dubai #UAE #Storm #Dust_Alert pic.twitter.com/3Y4Lo6nRnE
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) August 14, 2022
Полицијата ги предупреди сите да возат внимателно.
Неколку авиони беа пренасочени кон други аеродроми поради слабата видливост. Според податоците на NCM, видливоста над меѓународните аеродроми во Абу Даби и Дубаи паднала на помалку од 500 метри.
Десет авиони кои што требало да слетаат на меѓународниот аеродром во Дубаи биле пренасочени кон Светскиот централен аеродром во Дубаи и други блиски аеродроми.
Sandstorm in #Dubai
The storm passed through the UAE on Sunday. pic.twitter.com/froiSheEGR
— NEXTA (@nexta_tv) August 15, 2022