Пет лица загинаа во престрелка во американската сојузна држава Мериленд.
Полицијата на округот Чарлс на Твитер објави дека по телефонски повик се слушнале истрели во округот, а во истата куќа пронашле безживотни тела на пет лица.
Сите загинати во вооружениот напад, кој се случи во регионот Ла Плата на 55 километри од главниот град Вашингтон, се полнолетни.
Истрагата е во тек, а се наведува дека полицијата работи на утврдување дали убиените се поврзани.