Убиениот ирански генерал Касим Сулејмани е погребан.
Погребот на Сулејмани, убиен во американски возудшен напад во Ирак, започна во неговиот роден град Керман.
Погребот претходно беше одложен поради големиот број луѓе и стампедото во кое загинаа најмалку 56 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Како што пренесе државната иранска телевизија, повеќе од милион луѓе излегле на улиците на родниот град на убиениот генерал, за да му оддадат почест.
Во меѓувреме, започна осветата за смртта на генералот, а Иранската револуционерна гарда испука десетина ракети врз воените бази во Ирак, каде се наоѓаат американски војници.