недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Протести против талибанците, возвратија со куршуми

ВИДЕО: Протести против талибанците, возвратија со куршуми

Во Авганистан започнаа протести против талибанското владеење. На друштвените мрежи се појавија снимки од Џалалабад на кои се гледаат Авганистанци со знамиња, а причината за нивното излегување на улица е замената на авганистанското знаме со исламско.

Како што се објавува, талибанците пукале во насобраните луѓе, а има и мртви и ранети. Демонстрантите се обидоа да го вратат старото знаме.

Откако Американците го напуштија Авганистан, талибанците бргу ги освоија градовите и оттогаш започна агонијата на цивилите кои на секој возможен начин се обидуваат да побегнат од земјата. Странските амбасади се затворени или се затвораат, а дипломатите се евакуираат.

фото: epa/efe