вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Река поцрвене во Русија, медиумите пишуваат „ова е катастрофа од библиски размери“

ВИДЕО: Река поцрвене во Русија, медиумите пишуваат „ова е катастрофа од библиски размери“

Реката Молчанка на западот од Сибир изминативе денови станала црвена, па се стравува дека нејзината загаденост може да ја загрози питката вода во локалниот град како и здравјето на локалното население.

Резултатите од испитување на црвената река, се уште не се објавени, а руските медиуми овој настан го опишаа како катастрофа од библиски размери.

Загрижен локален жител за „Siberian Times“ изразува сомнеж дека во реката се фрлени хемикалии.

-Ова може да биде многу сериозно. Реката поцрвене пред една недела и од тогаш не менува ниту нијанса, ниту интензитет, ни боја, вели Марија Парашченко.

Властите велат дека не знаат за што станува збор и прв пат се соочуваат со ваква ситуација, а за натамошна реакција ги чекаат резултатите од испитувањата.