недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Тајландските деца и нивниот тренер излегоа од болница

ВИДЕО: Тајландските деца и нивниот тренер излегоа од болница

Дванаесетте тајландски деца и нивниот тренер ја напуштија болницата на пат за прес-конференција, која ќе ја гледа целата нација.

Тие во болницата беа во карантин, откако беа извлечени од пештера во северот на Тајланд по повеќедневната спасувачка акција.

Пред да ги пронајдат и да им достават вода и намирници, децата и нивниот тренер девет дена беа заробени во пештера. Преживеаја благодарение на капките вода кои капеле во тесниот простор, парчиња роденденска торта која со себе ја понел еден од децата и медитација.

Од моментот кога беа пронајдени, целиот свет ја следеше драматичната акција за спасување нив поплавените лавиринти во пештерата.